Санација на ракавец од рото багер SRS 400 – рудник РЕК Осломеј

Санација на ракавец од рото багер SRS 400 – рудник РЕК Осломеј

Оштетениот ракавец беше саниран за два дена со помош на Belzona и специјално изработен дводелен калап, на лице место без демонтажа на тркалото кое носи 10 масивни корпи.

Конвенционалната метода со демонтажа, транспорт од рудникот до работилница, наварување, машинска обработка, повторен транспорт и монтажа на сите делови би одземало минимум 4 до 6 недели. Заштедата во време и пари што ја овозможи технологијата на Bеlzona во овој случај е огромна.