Санација на топлоизменувач од дробилка –Рудници Тајмиште, Кичево

Санација на топлоизменувач од дробилка –Рудници Тајмиште, Кичево

Поради електрохемиска корозија која се јавува помеѓу различните материјали од кои се изработени цевната штица и цевките на топлоизменувачот ,се појавува протекување и мешање на ладилните флуиди.

Со пескарење на оштетената површина и пополнување со Belzona композитен материјал се изврши заптивање на оштетените површини и изолација. Топлоизменувачот е репариран и заштитен со сигурна и трајна постапка.