Category Archives: ПОПРАВКА И ЗАШТИТА

Belzona поправка и заштита

Санација на 12 корпи од рото багер MAN Takraf SRS 400 – РЕК Осломеј

Секоја корпа има 4 чаури. Сите куќишта од чаурите беа многу оштетени. Со помош на цевка за центрирање и Belzona 1111 со предходна припрема на оштетените површини, се залеваа нови чаури на 12 корпи од ротобагерот.

Оваа постапка се покажа како побрза и подолготрајна од конвенционалната метода.

Санација и заштита од абразија на куќишта од пумпи – МЗТ Пумпи, Скопје

Куќиштата биле порозни. Обидот да се заварат порозните површини, предизвикал појава на пукнатини. Пукнатините се санирани со ладна постапка и Belzona керамика метал. Со предходно пескарење куќиштата беа обложени со два слоја керамика премаз со вкупна дебелина од околу 3mm. По завршување на работата се направи тест на пробен стол под притисок и се покажа дека нема никакво течење.

Санација на оштетена осовина во Битола сил – Ренова

Поради опасност од деформации, осовината во вид на цевка не смееше да се наварува. Belzona беше единствено решение. За неколку часови работата беше завршена на металостругарска машина.

Заштита на челична конструкција од агресивни хемикалии – Р.Б. Бучим, Радовиш.

Конкурентскиот премаз предходно нанесен на челичната конструкција покажа слаба отпорност на агресивни хемикалии (раствор на вода и H2SO4 до 36%) и за кратко време беше многу оштетен.
Со предходно детално перење и пескарење на површините, беше нанесен Belzona премаз од серијата 4000, при што се заштити површина од 350m2. Оваа челична конструкција носи 24 кади за електролиза во процесот на производство на бакар во рудникот Бучим, Радовиш.

 

Обложување ролни за тестирање кочници во станица за технички преглед на возила.

Обложување ролни за тестирање кочници во станица за технички преглед на возила.

Ролните се пескарат. Се нанесува Belzona керамика премаз. Врз премазот се истура алуминиум оксид кој навлегува во премазот и по негово сушење се заробува во истиот. Со оваа технологија на Belzona се зголемува трајноста на ролните.

 

Санација на резервоар за гориво со ладна постапка (plate bonding).

Санација на резервоар за гориво со ладна постапка (plate bonding).

Заварениот спој на резервоарот со цевката беше оштетен. Поради опасност од пожар заварувањето не беше опција.
Со помош на Belzona 1831 и технологија на лепење челичен лим (plate bonding), санација на пукнатината беше направена на лице место со ладна постапка. Решението е трајно.

 

 

Санација на рисеви од хидраулична преса – Металец, Битола

Санација на рисеви од хидраулична преса – Металец, Битола

Хидрауличната клипњача беше механички оштетена. Со припрема на површината и нанесување Belzona 1221 композитен материјал за итни репарации пресата беше оспособена за работа за еден ден без машинска обработка со ладна постапка.

 

 

 

Обновување на заптивни елементи од затварачница во хидроелектрана Равен.

Обновување на заптивни елементи од затварачница во хидроелектрана Равен.

Дебелината на оштетениот слој на заптивните рамни површини беше од 3 до 9mm. Опцијата со наварување не беше прифатлива поради неможноста за машинска обработка на површината. Се употреби Belzona 1831 композитен материјал и Belzona 1341 премаз за заштита од корозија и ерозија. Работата се заврши за два дена без машинска обработка.

 

Лепење гумени споеви од рамни затворачи во ХЕЦ Маврово – Вруток

Лепење гумени споеви од рамни затворачи во ХЕЦ Маврово – Вруток

Гумените сегменти за заптивање беа испорачани од производителот во разни димензии. Беше потребно да се спојат на одредени должини со еластична смеса која ќе овозможи сигурен, еласточен и траен спој. Со Belzona еластомерите се постигнаа одлични резултати. После монтажа на затварачите се изврши мерење на протекувањето на вода и беше констатирано дека стандардите за дозволено протекување беа задоволени повеќе од очекуваното.

Санација на транспортна трака -Фени Индустри, Кавадарци

Санација на транспортна трака -Фени Индустри, Кавадарци

Овој спој од транспортна трака е саниран со Belzona 2311 еластомер за итни репарации затоа што клиентот беше ограничен со многу мал период на застој. Кога би се лепела траката со конвенционална метода би требало многу повеќе време. Премазот е како паста, се нанесува со шпакла. На амбиентална температура од 25оС стврднува (ги стекнува сите механички особини) за 50 минути.