Category Archives: ПОПРАВКА И ЗАШТИТА

Belzona поправка и заштита

Санација на изолација од електричен кабел на реклајмер во фени Индустри, Кавадарци

Санација на изолација од кабел на реклајмер во Фени Индустри –Кавадарци-Јуни 2003 година.

Изолацијата на кебелот беше оштетена од абразија и влијанието на временските услови. Потребен баше материјал кој ќе биде еластичен, со одлична адхезија и отпорност на временските влијанија. Belzona 2311 еластомер за итни репарации потполно ги задоволи сите овие услови и поради тоа апликацијата беше повторена на уште 14 други места.

 

Санација и заштита на топлоизменувачи – Фени Индустри, Кавадарци

Санација на 4 топлоизменувачи за ладење на масло од млинови во Фени Индустри – Кавадарци. Октомври 2012 година.

Поради електрохемиската корозија се појавуваат процепи помеѓу цевната штица и бакарните цевки. Ова предизвикува мешање на вода и масло при што значително се намалува ефектот на ладење. Со постапката на Belzona на економичен и сигурен начин се санираат и заштитуваат топлоизменувачите.

Санација на блок од Caterpillar мотор на KRESS машина – Фени Индустри, Кавадарци

Санација на кавитиран блок од Caterpillar мотор на Kress машина во Фени Индустри – Кавадарци. Октомври 2012 година.

Кавитацијата која се појавила на делот од моторот каде што се монтираат хилзните, предизвикува протекување на водата за ладење во маслото од моторот. Со помош на Belzona керамика метал и техника на формирање, обликот на заптивниот прстен од блокот на моторот е реформиран и проблемот со мешање вода и масло беше решен на брз и едноставен начин без машинска обработка на лице место.

 

 

 

 

Санација на куќиште од трансформатор -EVN Македонија

Санација на течење масло од куќиште на трансформатор – EVN Македонија

Санацијата е извршена на лице место без празнење на маслото од трансформаторот. Површината се бруси и се чисти со одмастувач. Потоа се нанесува еден слој од Belzona 1831, се вградува армирачка трака и врз неа се нанесува уште еден слој Belzona 1831.

Санација на гуми од дампер CAT 785 – Бучим, Радовиш

Санација на гуми од дампери Caterpillar 785 во рудник за бакар Бучим – Радовиш.

Санација на гумите се врши со Belzona 2311 еластомер за итни репарации и армирачка трака Belzona 9341 со цел да се намали застојот на машините.

Санација и заштита од абразија на Warman пумпи – Рудник за бакар Бучим, Радовиш

Санација на Warman пумпа со Belzona 1811 – Ноември 2000 година во рудник за бакар Бучим – Радовиш.

Куќиштето и страничните плочи беа многу оштетени. Со Belzona 1311 и Belzona 1811 оштетените површини беа реформирани во слоеви со дебелина од 6 до 25mm.

Репарирана пумпа со Belzona работи околу 3000 работни саати. Работниот век на нова пумпа изнесува околу 7500 работни саати. Цена на нова пумпа е околу 27.000,00Евра. Цена на репарирана пумпа со Belzona материјали и технологија е околу 5.500,00Евра.

Поради економичноста на нашето решение, оваа апликација на Warman пумпи е направена седум пати.

Санација на колено од цевка во погон секундарно-терцијално дробење

Санација и заштита на колено од цевка во секундарно-терцијално дробење – рудник за бакар Бучим Радовиш. Јуни 2013 година.

Едната половина на коленото беше многу оштетена од дејството на абразивните честички кои пневматски се транспортитаат низ цевката.

Ѕидот на коленото беше саниран со заварување на челични плочки. По пескарење на внатрешната површина на коленото, се нанесе Belzona 1812 мешавина од керамика и алуминиум оксид отпорен на екстремна абразија во слој од 3mm, при што значително се зголеми векот на траење на коленото.

Санација на цевка за вода во Arcelor Mittal

Санација на главна цевка за вода во Arcelor Mittal, Скопје
Главната цевка за вода во фабриката беше во екстремно лоша  ситуација. По неколку неуспешни обиди со заварување, бевме  повикани да ја санираме цевката со ладна постапка. Тоа беше завршено за неколку часови со помош на Belzona 1221 супер метал за итни репарации.
Опција за замена на цевката со нова, за толку кратко време во моментот беше невозможна.