BELTEH Solution d.o.o.

Еластомери за санација и надградба на гумени делови

Санација на отсечена транспортна трака

Санација на оштетена транспортна трака

Санација на оштетена транспортна трака

Санација на скината транспортна трака

Лепење на гумени споеви од рамен затворач во хидроелектрана

Санација на гума од дампер во рудник

Обложување на внатрешна површина на хидроциклон со Belozona еластомери

Санација на изолација од електричен кабел на реклајмер во рудник

Предности на Belzona технологијата во споредба со конвенцијалното заварување:

  • брзина на зафатот – краток застој – ниски трошоци
  • често има можност за санација на лице место без демонтажа на делот и без машинска обработка
  • едноставна постапка, нема потреба од специјални алати и машини
  • ладна постапка – нема опасност од палење
  • со мало вложување се постигнува трајно решение и долгорочна заштеда.

Кои производи ги користиме?

Изборот на производите зависи од работните услови на деловите кои треба да се репарираат, нивната итнос и временските услови во кои се работи. Belzona 2211 е двокомпонентен еластомер за ладна вулканизација на гумени делови. Има одлична адхезија на гума, метал и бетонски површини. Се користи за санација на оштетени и скинати транспортни траки. За итни репарации на гумени делови се користи еластомер Belzona 2311. За заштита од абразија на цевки, хидроциклони, заштита на изолација од електрични кабли се користи Belzona 2111.

Како работиме?

Нашата мобилна работилница ја покрива територијата на Македонија. Соработката со нас може да се изврши на неколку начини. За клиентите кои сакаат комплетна услуга – вградување на материјалите во своите погони, можеме да им пружиме услуга преку нашата мобилна работилница. За тие клиенти кои имаат служба за одржување, можат од нас да ги нарачаат материјалите и после извршена обука, сите опишани зафати можат сами да ги изведуваат. Истото важи и за клиентите кои имаат договори со други даватели на услуги за одржување – ние сме во состојба да ги снабдуваме нивните постоечки подизведувачи со потребните производи и да организираме обука за нив.