BELTEH Solution d.o.o.

Репарација, заштита и подобрување на пумпи

Репарација и заштита на ротор од центрифугална пумпа за топла вода

Репарација и заштита на ротор од вакуум пумпа

Нанесување премаз на нови пумпи за заштита и зголемување на ефективноста

Санација и заштита од кавитација на ротор од разладна пумпа во термоелектрана

Заштита од корозија и ерозија на куќиште од противпожарна пумпа

Санација на дупнато куќиште од пумпа

Санација на делови од пумпа за концентрат и јаловина во рудник

Санација на гумена облога од пумпа за концентрат во рудник

Санација на навоји од куќиште на пумпа во топлана

Санација и заштита на куќиште од вакуум пумпа во индустрија за хартија

Предности на Belzona технологијата во споредба со конвенционалните постапки:

  • брзина на зафатот – краток застој – ниски трошоци
  • често има можност за санација на лице место без демонтажа на делот и без машинска обработка
  • едноставна постапка, нема потреба од специјални алати и машини
  • ладна постапка – нема опасност од појава на пукнатини, промена на структурата на материјалот, појава на деформации и опасност од палење
  • со мало вложување се постигнува трајно решение и долгорочна заштеда.

Кои производи ги користиме?

Изборот на производите зависи од работните услови на деловите кои треба да се репарираат, нивната итнос и временските услови во кои се работи. Belzona 1311 е керамика композит за заштита од ерозија, Belzona 1391 Т e двокомпонентен премаз за заштита од корозија, ерозија и кавитација на делови од пумпи. Belzona 1341 NSF е двокомпонентен премаз за заштита на делови од центрифугални пумпи при што ја зголемува ефктивноста кога се нанесува на нови пумпи. Овој премаз има NSF сертификат за примена кај пумпи за вода за пиење. Belzona 1812 антиабразивна облога за заштита на делови од пумпи што транспортираат многу абразивни честички. Belzona 2111 и Belzona 2311 двокомпонентни еластомери отпорни на абразија за надградба на гумени облоги од пумпи.

Како работиме?

Нашата мобилна работилница ја покрива територијата на Македонија. Соработката со нас може да се изврши на неколку начини. За клиентите кои сакаат комплетна услуга – вградување на материјалите во своите погони, можеме да им пружиме услуга преку нашата мобилна работилница. За тие клиенти кои имаат служба за одржување, можат од нас да ги нарачаат материјалите и после извршена обука, сите опишани зафати можат сами да ги изведуваат. Истото важи и за клиентите кои имаат договори со други даватели на услуги за одржување – ние сме во состојба да ги снабдуваме нивните постоечки подизведувачи со потребните производи и да организираме обука за нив.