BELTEH Solution d.o.o.

Санација и заштита на топлоизменувачи

Санација и заштита на цевна штица од топлоизменувач за масло

Санација на топлоизменувач за масло од дробилка

Санација и заштита на данце од топлоизменувач

Санација на дупната цевна штица од топлоизменувач во термоелектрана

Предности на Belzona технологијата во споредба со конвенционалните методи и материјали:

  • брзина на зафатот – краток застој – ниски трошоци
  • често има можност за санација на лице место без демонтажа на делот и без машинска обработка
  • едноставна постапка, нема потреба од специјални алати и машини
  • ладна постапка – нема опасност од појава на пукнатини, промена на структурата на материјалот, појава на деформации и опасност од палење
  • со мало вложување се постигнува трајно решение и долгорочна заштеда.

Кои производи ги користиме?

Изборот на производите зависи од работните услови на деловите кои треба да се репарираат, нивната итнос и временските услови во кои се работи. Belzona 1311 се користи за заштита од ерозија, корозија и хемикалии на цевните штици од топлоизменувачи и затварачи. Belzona 1511 се користи за надградба на метални делови каде работната температура е до 210оС. Заштитниот премаз Belzona 1591 се користи како заштитен керамички премаз за делови од топлоизменувачи отпорен на повисоки температури.

Како работиме?

Нашата мобилна работилница ја покрива територијата на Македонија. Соработката со нас може да се изврши на неколку начини. За клиентите кои сакаат комплетна услуга – вградување на материјалите во своите погони, можеме да им пружиме услуга преку нашата мобилна работилница. За тие клиенти кои имаат служба за одржување, можат од нас да ги нарачаат материјалите и после извршена обука, сите опишани зафати можат сами да ги изведуваат. Истото важи и за клиентите кои имаат договори со други даватели на услуги за одржување – ние сме во состојба да ги снабдуваме нивните постоечки подизведувачи со потребните производи и да организираме обука за нив.