Цевките во текот на експоатација поради разни влијанија (ерозија, корозија, хемикалии и абразија) се оштетуваат при што доаѓа до протекување. Belzona има материјали отпорни на вода и масло со кои во некои случаи течењето може да се санира без празнење на цевките и без застој. Ладната технологија за санација и заштита овозможува брзи и трајни решенија. Некогаш времето за санирање е многу важен фактор во одлуката која метода за санација да се примени. Кај оштетените цевки кои пренесуваат запаливи флуиди, безбедноста е на прво место. Со примена на ладната технологија за санација на цевки и вентили кои пренесуваат запаливи материи, се избегнува опасност од експлозија и пожар и го скратува времето за припрема и заштита.
Вентилите кои имаат проблем со корозија или со заптивањето исто така се санираат со композити. Доколку е оштетена металната заптивна површина, таа се реформира со техника на пополнување и залевање. Ако е оштетена гумената облога, санацијата се врши со двокомпонентен Belzona еластомер кој цврсто се врзува на старата гума. Внатрешната и надворешата површина на деловите од вентилот се заштитува со премази отпорни на ерозија, корозија, абразија, кавитација, или хемиски раствори. Изборот на премаз зависи од работните услови на медиумот: работна температура, процентуална застапеност на агресивни хемикалии, состав, гранулација и количевство на абразивни честички, притисок итн.