Куќиштата од лежишта, блокови на мотори и куќиштата од пумпи најчесто се изработуваат од сив лив (гус). Во текот на експлоатација овие делови страдаат од ерозија, корозија, абразија, кавитација, агресивни хемикалии или механички оштетувања. Поради тоа се јавува потреба од нивна репарација и заштита.
Бидејќи сивиот лив тешко се заварува и бара специјални услови, решението со надградување со композитни материјали во повеќе случаи е многу корисно и сигурно.
Со машинска обработка надградбата на изгубените димензии од куќиштата се врши со Belzona композитни материјали многу ефективно.
Техниката со залевање на чаури во куќишта на делови од рударски машини ја елиминира потребата од машинска обработка. Самата постапка во некои случаи се врши на лице место без демонтажа и транспорт на деловите во машинска работилница. Со тоа драстично се скратува застојот на деловите и опремата.