Во погоните и машинските работилници во индустријата често доаѓа до потреба од поправки на машински делови од метал: осовини, куќишта и ракавци. Технологијата која најчесто се користи за санација на овие делови е заварувањето, меѓутоа оваа метода има штетно влијание на структурата на материјалите, појава на опасност од деформации на материјалите и појава на пукнатини под влијание на високите температури.
Со нашата технологија со ладно лепење и примена на нашите двокомпонентни полимерни композити (популарно наречени “течни метали”) можно е во поголем број на случаи да се избегне заварувањето и неговите штетни последици. Со примена на оваа ладна технологија се поедноставуваат и кратат постапките во одржувањето на машините, производната опрема и алатите, се намалува потребата од резервни делови и се скратува застојот.
Постојат два начини за санација на осовини со технлогогијата на Belzona. Во зависност од потребите, итноста и можностите санацијата може да се изведе со:
Изборот на производите зависи од работните услови на деловите кои треба да се репарираат, нивната итнос и временските услови во кои се работи. Belzona 1111 е универзален материјал, Belzona 1212 се користи во услови каде има влажност и не може металната површина идеално да се одмасти. Belzona 1221 се користи за итни репарации, Belzona 1121 се користи кога се работи на високи амбиентални температури, Belzona 1131 се користи за санација на осовини или куќишта на места каде се монтираат заптивки кои се тријат со осовините. Овој материјал содржи грагит кој го зголемува подмачкувањето.
Нашата мобилна работилница ја покрива територијата на Македонија. Соработката со нас може да се изврши на неколку начини. За клиентите кои сакаат комплетна услуга – вградување на материјалите во своите погони, можеме да им пружиме услуга преку нашата мобилна работилница. За тие клиенти кои имаат служба за одржување, можат од нас да ги нарачаат материјалите и после извршена обука, сите опишани зафати можат сами да ги изведуваат. Истото важи и за клиентите кои имаат договори со други даватели на услуги за одржување – ние сме во состојба да ги снабдуваме нивните постоечки подизведувачи со потребните производи и да организираме обука за нив.