BELTEH Solution d.o.o.

Хидроизолација на проблематични кровови, настрешници и фасади што течат

Хидроизолација на настрешница на влез во управна зграда на аеродром

Хидроизолација на дел од тераса

Хидроизолација на хоризонтален олук и фасада на лимен кров

Хидроизолација на делови од рамен кров

Хидроизолација на споеви под - ѕид

Предности на Belzona технологијата во споредба со конвенционалните премази:

  • трајна хидроизолација без потреба за замена на целиот кров
  • едноставна постапка, нема потреба од специјални алати и машини
  • ладна постапка – нема опасност од палење
  • епоксидни премази за подови отпорни на хемикалии, абразија и лизгање
  • многу брзо суши на амбиентална температура – се нанесува во тенок слој – нема потреба од прајмер – не содржи разредувачи
  • со мало вложување се постигнува трајно решение и долгорочна заштеда

Кои производи ги користиме?

Изборот на производите зависи од работните и временските услови во кои се работи. Belzona 3111 е еднокомпонентен полимерен премаз на база на вода кој се користи за хидроизолација на проблематични кровови што течат. Belzona 3121 MR-7 е двокомпонентен премаз за итна хидроизолација на делови од кров каде се јавува течење. Овој премаз може да се аплицира и на мокри површини. Овие премази се нанесуваат скоро на секаква подлога: челичен или алуминиумски лим, бетонска подлога, камен, цигла, битумен, стакло, PVC итн.

Како работиме?

Нашата мобилна работилница ја покрива територијата на Македонија. Соработката со нас може да се изврши на неколку начини. За клиентите кои сакаат комплетна услуга – вградување на материјалите во своите погони, можеме да им пружиме услуга преку нашата мобилна работилница. За тие клиенти кои имаат служба за одржување, можат од нас да ги нарачаат материјалите и после извршена обука, сите опишани зафати можат сами да ги изведуваат. Истото важи и за клиентите кои имаат договори со други даватели на услуги за одржување – ние сме во состојба да ги снабдуваме нивните постоечки подизведувачи со потребните производи и да организираме обука за нив.